еМагазин
Image default
Македонија

Петмина соработници на поранешниот градоначалник Стевчо Јакимовски призна вина за случајот „Инес“

Оценката на обвинителниот акт во кој се обвинети 11 лица меѓу кои и поранешниот градоначалник на Општина Карпош Стевчо Јакимовски за незаконската легализација на објекти е одложена откако денеска уште еден од обвинетите признал вина.

Според тоа, за петмина од 11 обвинети ќе биде спроведена постапка за спогодување, додека за останатите обвинетите е закажано ново рочиште за оценка на обвинителниот акт на 26-ти овој месец.

Од Јавното обвинителство (ЈОРМ) информираат дека, по поднесувањето на обвинителниот акт до Основниот кривичен суд – Скопје на 30 октомври годинава, од страна на четири обвинети лица се поднесени изјави за признавање на вина, а на денеска закажаното рочиште за оценка на обвинителниот акт уште едно лице дало изјава за признавање на вина.

„Откако обвинетите ќе се спогодат со јавниот обвинител, Предлог – спогодбите  ќе бидат доставени до судија на претходна постапка кој во рок од три дена од доставувањето треба да закаже рочишта по поднесените Предлог – спогодби. За лицата со кои јавниот обвинител нема да постигне спогодба и за обвинетите што не дадоа изјави за признавање на вина закажано е ново рочиште за оценка на обвинителниот акт за 26.12.2019 година“, се вели во соопштението на ЈОРМ.

Според обвинителниот акт обвинети се 11 лица  – градоначалник,  осум административни службеници од Општина Карпош и две одговорни лица во правно лице – изведувач и надзор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стевчо Јакимовски обвинет за злоупотреби и бесправно градење додека бил градоначалник

Фото: Општина Карпош

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Две починале дома: Од Ковид-19 починаа 7 лица

Редакција

Осуденик нападнал затворски полицаец во Идризово

Редакција

Наместо да се зближуваме денес за жал сме подалечни од кога било со нашите соседи, порача Мицкоски

Редакција