Учебник по социологија за втора година средно образование издаден во 2002 година, во кој се омаловажува и дискриминира жената предизвика лавина од реакции во јавноста и на социјалните мрежи.
Имено во лекциите на тема криминал, меѓудругото во учебникот пишува:
„Причините за различното учество на жените во криминалитетот се објаснуваат со општествената положба на жената. Ако жената е затворена во домот и нема никакви јавни улоги, таа нема можност да прави кривични дела.
Жената на тој начин е заштитена од многу комуникации, одговорности, ангажмани, натпревари, конфликти и е упатена да се грижи за семејството, а со тоа помалку е изложена на влијанието на објективните криминогени фактори. Во услови на поголема општествена активност можно е да дојде до поголема криминална активност особено кај некои видови кривични дела“.
Во учебникот стои и дека: „прељубата е кривично дело“, но и абортусот, за кој со закон е утврдено дека е право на избор.
„Жените во помал обем ги извршуваат и следниве кривични дела: прељуба, недозволен абортус, уцени, кражби, кривоклетство“.
Во истата лекција стои и дека:
“Најчеста појава предизвикана од несоодветното однесување на поединците во општеството е криминалот. Тој се разликува од другите облици на девијантно однесување затоа што при криминалното однесување се прекршуваат законските норми, што не е случај со другите девијантни појави каде се прекршуваат моралните норми. Така на пример, една жена која има желба често да ги менува своите љубовни партнери, заедницата ја нарекува неморална, лесна жена…“.
Еве дел од твитовите:
Не знам шо е потажно од учебникот по социологија за 2 година што врти по нетов?
Дали е тоа содржината.
Тоа што е од 2002 и никој до сега не ја воочил таа содржина?
Што имаме 17 генерации кои не научиле ништо?— Џ0кер Б0т0в (@thajoker_MK) December 16, 2019
Чекајте малку другари… како ова излегло во учебник? pic.twitter.com/SG8qKaAtQ9
— Dimitar P. (@Dmee82) December 16, 2019
УчимеЗаедно што е женски криминал 😂 од устиот учебник по социолигија за кој некој треба да понесе одговорност за учењево пештерско шовинистичко благодаревско pic.twitter.com/Uq5o3Wsis8
— Ina (@mnogufina) December 16, 2019
социологија за втора година, гимназија.
шта рећи, а не заплакати? pic.twitter.com/mX6pBVaWnv
— Uvik_Kontra (@SafetAhmeti) December 15, 2019