еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Екс директорот на ЕЛЕМ, Бошковски осуден на три години затвор за случајот „Тарифа“

Поранешниот генерален директор на ЕЛЕМ, Дејан Бошковски е осуден на три години затвор за злоупотреба на службена положба и овластувања во случајот “Тарифа“, кој го отвори Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Иста затворска казна за злоупотреба на службена положба и овластувања добија и раководителите на сектори, Ненад Ѓорговски и Методиј Стојменовски.

Ѓорговски на ЕЛЕМ треба да му надомести и штетата од 20 илјади евра, а Стојменовски од 30 илјади евра во рок од три месеци од изрекување на пресудата, додека за преднајавената штета од 150.000 евра оштетеното АД ЕЛЕМ се насочува да ги бара во судска постапка.

Бошковски, Ѓорговски и Стојменовски беа обвинети за противзаконска набавка на софтверски систем за потребите на државната компанија „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ) вреден околу четири милиони евра.

Според СЈО, обвинетите ја злоупотребиле службената положба и овластувањето во постапка за јавна набавка на софтвер – „ЕРП систем“. Обвинетите со неизвршување на службената должност овозможиле правното лице – конзорциум, кое подоцна го добило тендерот, да се квалификува во втората фаза на преговарање при јавната набавка, иако немало доставено комплетна документација.

Фото: А1он

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 54 случаи на Ковид-19 во тиквешко: Позитивни здравствен работник и вработена во градинка

Редакција

Каков имот пријавил Фестим Халили, директорот на Фондот за иновации, за кој Антикорупциска бара разрешување поради незаконско доделување на грантови на Дрин Ахмети

Редакција

Најмалку седум македонски граѓани моментално се во Израел

Редакција