Министерството за здравство информира дека Одделението за епидемиологија при ЈЗУ Центар за јавно здравје-Скопје континуирано ја следи епидемиолошката состојба на подрачјето на градот Скопје. Главно, регистрираните случаи на заразна жолтица не се епидемиолошки поврзани. Но, епидемиолошкото истражување покажа дека во населбата „Даме Груев“, општина Ѓорче Петров, од вкупно пријавени 9 случаи на заразна жолтица во периодот од 11.11.2019. до 23.12.2019, 7 случаи се епидемиолошки поврзани.
Со оглед на констатираната состојба и епидемиолошките критериуми за пријавување на епидемија, Одделението за епидемиологија при ЈЗУ ЦЈЗ Скопје пријавува епидемија на заразна жолтица само на подрачјето на населба „Даме Груев“, општина Ѓорче Петров, Скопје.
И во општина Шуто Оризари се регистрираат 2 епидемиолошки поврзани случаи (сестрички), но, нема индикации за пријавување на епидемија во Општината.
Во периодот од 01.09.2019 – 26.12.2019 година на подрачје на Скопје регистирани се вкупно 68 случаи на заразна жолтица (48 случаи се диференцирани како вирусен хепатитис А и 20 случаи се вирусен неозначен хепатитис) т.е. зголемен број на случаи во споредба со 2016 година истиот период кога биле регистрирани 6 случаи, 2017 со 35 случаи и 2018 година со 28 случаи.
Во однос на дистрибуцијата според место на живеење, се регистрираат заболени лица на подрачје на 12 скопски општини: Сарај – 16 случаи, Ѓ.Петров – 11 случаи, Аеродром – 9 случаи, Гази Баба – 9 случаи, Ш.Оризари – 6 случаи, Карпош – 5 случаи, Чаир – 4 случаи, ЧучерСандево – 3 случаи, Бутел – 1 случаи, Центар – 2 случаи, К.Вода – 1 случаи, Зелениково – 1 случаи.
Од вкупно 68 заболени лица, најголем број (29) се на возраст од 20-64 години, 7 на возраст од 0-5 години, 14 се ученици на возраст од 6-14 години, 16 се лица на возраст од 15-19 години и 2 се над 65-годишна возраст.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Препораки од Министерство за здравство: Како да се заштитите од жолтица