еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Денеска облачно време, кон крајот на денот со врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде претежно облачно, со сончеви периоди во источните делови. Кон крајот на денот и во текот на ноќта почнувајќи од запад ќе има врнежи од дожд.

Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен и југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21 степен.

Во Скопје ќе биде претежно облачно, а во текот на ноќта со повремен дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 19 степени.

Во среда и четврток ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, на места поинтензивен и проследен со грмежи и засилување на ветерот. Дневната температура ќе се намали.

Од петок се очекува посончево и потопло време, со услови за локален краткотраен дожд во попладневните часови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најголем дел од заразените со ХИВ/СИДА во Македонија се мажи на возраст од 20-39 години, од Скопје и Тетово

Редакција

Денеска умерено oблачно и ветровито време

Редакција

(Видео) Апостолоска за сообраќајката кај „Млечен“: Возачот не ни пријде за помош, само се јавуваше по телефон

Редакција