На седницата на Централниот одбор на СДСМ вечерва и официјално е изгласано Оливер Спасовски, актуелниот министер за внатрешни работи да биде премиер на техничката влада.
Мила Царовска, актуелната министерка за труд и социјална политика, ќе го заземе местото на вицепремиер за економски прашања и координација на економските ресори во владата, Кочо Анѓушев.
Шефиците на кабинетите на актуелните министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика, Славјанка Петровска и Санела Шкријељ, пак ќе бидат дополнителни заменик-министерки во двете министерства.
Фото: СДСМ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.