еМагазин
Image default
Македонија

Спасовски нема проблеми со предложените министри од ВМРО-ДПМНЕ, освен со Ковачки

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи и иден мандатар за техничката Влада, Оливер Спасовски начелно нема проблеми со предложените технички министри од страна на опозицијата, со исклучок на техничкиот министер за внатрешни работи за кој смета дека ќе придонесе за милитаризација на МВР.

-Како иден мандатар мислам дека еден од главните принципи е да го почитуваме Уставот и во тој поглед воопшто немаме дилема дека тоа треба да биде пред се и над се. Второ, кога размислуваме за овој кандидат размислуваме и за милитаризацијата на МВР, а тоа воопшто не е потребно во демократска држава и демократско општество, рече Спасовски во одговор на новинарско прашање.

Тој нагласи дека на сите им е познато што значеше милитаризацијата на МВР на времето со доаѓањето на Горан Грујовски и дека тоа потсетува на, како што рече, огромното закочување на човековите права и слободи.

-Не сакам да прејудицирам и да зборувам за човекот било што друго, рече Спасовски.

За другите предлози од опозицијата, нагласи, дека начелно нема проблем со тие кандадати за министри.

-Начелно немам проблем во однос на овие кандидати за министри, меѓутоа тоа ќе го кажам во моментот кога ќе се добие составот. Време има секогаш и апсолутно може да се успее со изборот на техничка влада. Имаме искрени и чесни намери да се одржат изборите на 12 април, потенцира Спасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која e Рашела Мизрахи, која е предложена од ВМРО-ДПМНЕ за технички министер за труд и социјална политика

Која е Гордана Димитриеска Кочоска, која ВМРО-ДПМНЕ ја предлага за заменик министер за финансии

Koja e Невенка Стаменковска Стојковски, која од ВМРО-ДПМНЕ е предложена за заменик министер за информатичко општество и администрација

Кој е Цветан Трипуновски, кој ВМРО-ДПМНЕ го предлага за заменик министер за земјоделство

МИА/Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонските граѓани повеќе не мора да се откажат од матичното за да добијат германско државјанство

Редакција

60-годишен македонски државјанин починал од срцев удар на граничниот премин „Прешево“

Редакција

Во велешко 4 новозаболени и тројца излекувани од Ковид -19

Редакција