Министерството за економија го објави списокот на претпријатија со кои се склучени договори во текот на 2019 година за финансика поддршка за инвестиционите проекти согласно мерките на Законот за финансиска поддршка на инвестициите.
На листата има и реномирани македонски и странски компании какви што се „Макстил“, „Витаминка“, „Макпрогрес“, „Европа“, „Кробмерг и Шуберт“ и многу други.
Компаниите барале и добиле пари за различни инвестициски проекти какви што се нови производни линии, изградба на објекти, проширување на капацитетите и што уште не.
Меѓу поинтересните се онаа на „Ружин хелти фуд корпорејшн“ за за производство на македонска моцарела.
„Хантерс“ Скопје доби пари за производство на високо квалитетни брендирани чорапи.
„Нехо“ од Скопје доби пари за инвестирање во нова производна линија за сладолед.
„Кромберг и Шуберт“ за зголемување на производството во капцитетите и опрема за потребите на „Дајмлер“ и „Ауди“.
Детална листа на сите компании и нивните инвестиции ТУКА.