еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Морбили, терористи, исчезнати лица: Политички рецепт или нормална параноја?

Речиси и да нема ден во изминатиов период во кој граѓаните не се изложени на информации кои предизвикуваат стрес и интензивен страв, кој ако трае подолг период лесно преоѓа во параноја.

Енормно загадување, епидемија на болести, предупредувања за опасност од терористички напади, зачестена појава на случаи на исчезнати лица се само дел од огромниот број таканаречени црни вести кои се секојдневно присутни во јавноста.

Истовремено, на политичката сцена има промени кои се од историско значење какви што се преименувањето на државата и забрзувањето на процесот на зачленување во НАТО, но и многубројните политички скандали кои ги придружуваат овие моменти.

Во теоријата е познато дека држењето на луѓето во постојан страв или блага параноја од нив прави подобно политичко месо.

Без да се навлегува во прашањето на теории на заговор, факт е дека поклопувањето на овие настани негативно влијае врз граѓаните, бидејќи голем број од нив се чувствуваат несигурно. На тоа влијае и бавната разрешница кај голем број од ваквите случаи.

Се чини дека власта е позафатена со избор на кандидат за претседателските избори и други политички прашања и не гледа дека поради страв да излезат на јавни места и меѓу луѓе голем број од гласачите ќе останат дома, така што лесно може да се случи на изборите да нема цензус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Не збори со непознати“, така ги испративме децата утрово на школо

„Жив си затоа што имаш неквалитетни органи“: Твитер за наводните трговци со органи и сериски убиец во Скопје

По исчезнувањето на неколку лица во Скопје: На социјалните мрежи се шири паника за сериски убиец и трговци со органи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 89 случаи на Ковид-19 од 1.271 тест

Редакција

Починаа уште 6 лица од Ковид-19 од Скопје, Прилеп, Охрид и Штип

Редакција

(Во живо) Десетти ден протест против „францускиот предлог“

Редакција