еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

„Не збори со непознати“, така ги испративме децата утрово на школо

Лекциите „не збори со непознати“, „не оди ако те викаат во кола“, „не застанувај ако некој возрасен сака да те праша нешто“, одамна сум ги поминала со ќерка ми ги повторуваме повремено, но утрово така ја испратив на школо. И цел ден ја мислам дали стигнала, не можам да се јавам зашто телефони во школо не дозволуваат, па од тие сме што почитуваме.

Наречете ме патетична, хистерична, како сакате, ете јавно признавам ме понесе лудилото. Не останав имуна на сите глупости што ги прочитав по социјалните мрежи (коли со затемнети стакла, лица што примамуваат) иако здравиот памет ми го следи официјалниот став на МВР, дека нема ништо. Останав вознемирена.

Колку за утеха дека не сум единствена, денеска во маркет слушнав како една жена на телефон некому му вели „не разговарај со непознати“. Жената може нема Фејсбук, па не го прочитала соопштението од МВР. Па сфатив дека не има повеќе загрижени (оправдано или не), нас обичните граѓани.

Три жртви за три дена, млади животи исчезнуваат на различни страни на Скопје.

Со сета почит кон семејствата, со кои длабоко сочувствувам, но МВР, МОРА да излезе на прес-конференција и кога ќе ги има резултатите од обдукција на мртвите, да даде одговор од што починале овие лица, убиство или самоубиство.

Нека изнајде начин како да ја сочува приватноста, не мора да ги именува со имиња, постои форма како тоа да го соопшти на јавноста. За да се смириме и да ја спречиме загриженоста помеѓу сите нас, ако навистина, нема потреба да ја има.

Толку ли е тешко да одржиш еден човечки прес, наместо да испраќаш соопштенија со стерилни и технички содржини од типот „пронајден труп“,  „телото дадено на обдукција“ „работиме на расветлување на случајот“ и толку!!! Излезете на телевизија па нека ве чуе и писмен и неписмен и тој што е на социјални мрежи и што не е.

Имаме ли бре министер за внатрешни работи да се произнесе за оваа тема?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

1.288 нови случаи на Ковид-19 од 3.349 тестирања, во Скопје 570

Редакција

Новата алатка за споредба на надоместоците на банките ќе придонесе за зголемена конкурентност и поповолни цени за платежните услуги, вели гувернерката Ангеловска-Бежоска

Редакција

Кога Охридското езеро и реката Треска „подригнуваат“ ние треба да се засрамиме

Редакција