еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Од вечерва силен североисточен ветер до 100 километри на час и пад на температурите

Поради нагло спуштање на многу студена воздушна маса од север во текот на ноќта и утре ќе дува силен североисточен ветер кој наместа ќе достигне брзина од 90 до 100 километри на час.

Синоптичарите за утре најавуваат и повремени врнежи од снег, особено претпладне, а на повеќе места ќе се формира помала снежна покривка.

Дневната температура значително ќе се намали. Така веќе утре минималните температури ќе се движат од -9 до 0 степени, а дневните од -6 до 3 степени.

Од недела ќе следува период на суво и ветровито време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во благ пораст.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 920 случаи на Ковид-19 од 3.338 тестови, 119 се реинфекции

Редакција

(Видео) Полицајци се степале со обезбедување со казино, министерот Тошковски објави снимка од тепачката

Редакција

(Видео) Голема акција на МВР: Запленети четири и пол килограми хероин и килограм кокаин во Сингилиќ

Редакција