еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Двоен златен медал за новото премиум вино на „Tikveš Châteaux & Domainеs“ во Кина

Новото црвено премиум вино „Terrasse a L’Ombre 2018“, кое е дел од „Tikveš Châteaux & Domainеs“, освои двоен златен медал на првиот голем меѓународен вински натпревар оваа година, што се одржа во Хонг Конг, Кина – China Wine & Spirits Best Value 2020.

Двојниот златен медал, што е највисоко признание што се доделува на овој престижен вински натпревар, е освоен во конкуренција од најпознатите светски вински брендови кои се селектирани и оценувани од тим од 100 вински судии, номинирани од најголемите увозници на вино, ресторани и специјализирани продавници во Кина, кои годишно увезуваат вино во вредност од над 20 милијарди долари.

„Кина е на пат да стане втор најголем пазар во светот според консумацијата на вино, надминувајќи некои традиционални пазари како Франција и Велика Британија. Како компанија веќе подолг временски период ги анализираме ваквите трендови и преземаме конкретни чекори за зголемување на пласманот на нашите вина на овој огромен пазар.

Веруваме дека освоените медали на ваквите натпревари ќе креираат позитивен имиџ и ќе ги зголемат шансите за соодветно позиционирање на „Тиквеш“ како европски производител на вина со премиум квалитет, што е особено важно за потрошувачите на кинескиот пазар“, објаснува генералниот директор на ВВ „Тиквеш“, Радош Вукиќевиќ.

Премиум виното „Terrasse a L’Ombre 2018“ е произведено во винарницата „Château de Gourdon“, сместена во јужниот дел од долината на реката Рона во Франција, која од ноември 2018-та е составен дел од „Тиквеш“. „Terrasse a L’Ombre 2018“ e седмото по ред премиум вино од обновеното портфолио на винарницата „Château de Gourdon“ кое од неодамна е достапно и за македонските љубители на високо квалитетни вина.

По своите карактеристики, ова премиум вино е идеално балансирана купажа од сортите: сира (Syrah – 65%), што созревала во нови француски дабови буриња и гренаш црн (Grenache Noir – 35%) која одлежувала во бетонски танкови. Се одликува со уникатна темнопурпурна боја и нагласени ароми на шумско овошје, при што доминираат капина и малина, дополнети со ноти на бибер, слатки ориентални зачини и ароматични билки. Во вкусот се чувствува сладок корен.

Заедничка одлика на сите вина од „Tikveš Châteaux & Domainеs“, во која спаѓаат ексклузивните вина на „Тиквеш“ од Бела Вода, Барово, Лепово и вината произведени во винарницата „Château de Gourdon“, е тоа што тие потекнуваат од строго контролирани лозови насади кои се дел од самиот посед и каде климатските услови, сонцето, водата, ветерот и почвата, со еден збор – ‘тероарот’, се во совршен баланс кој е идеален за производство на префинети вина со извонреден квалитет.

Овие вина се со заштитено географско потекло, се произведуваат во ограничени количини и имаат уникатен карактер кој ги отсликува дистинктивните карактеристики на самиот локалитет.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Прошетка со лавот“ неверојатна приказна за љубовта и животот, ексклузивна премиера на 15 ноември само за корисниците на МТЕЛ

Редакција

И еМагазин е дел од него: Од денеска достапен Регистарот на професионални онлајн медиуми „Промедиа“

Редакција

Mitsubishi во Македонија, најдобар во Европа

Редакција