еМагазин
Image default
Свет

Пекинг ги откажа прославите за кинеската Нова година поради коронавирусот

Кинеските новогодишни прослави во Пекинг се откажани поради обидите да се спречи епидемијата на новиот коронавирус, што веќе предизвика смрт на 25 лица, а стотици се заразени.

Локалните власти соопштија дека ќе ги откажат новогодишните настани во Пекинг, на кои секогаш присуствуваат голем број туристи, со цел „зголемување на превенцијата“ за коронавирусот.

Инаку, втор град во централна Кина денеска е затворен во обид на властите да се спречи ширењето на епидемија на коронавирусот што избувна во соседниот Вухан.

Жезничката станица во Хуангганг, каде има население од 7,5 милиони и е оддалечена 70 километри од Вухан, ќе прекине со работа се до нова наредба на властите. Oд полноќ сите возила ќе бидат проверувани, а баровите и кината ќе бидат затворени.

Покрај откажувањето на летови и возови, властите затворија и кина, кафулиња и други јавни места.

Железничката станица во трет град во близина, Ежоу, каде има население над еден милион, исто така ќе се затвори од вечерва, иако не беа објавени други мерки.

Бројот на жртви од коронавирусот се зголеми на 25, со повеќе од 600 потврдени случаи на инфекцијата.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СЗО засега нема да прогласи вонредна состојба на глобално ниво поради новиот коронавирус

Кинескиот град Вухан во сообраќајна изолација заради коронавирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Непријателските“ земји, меѓу кои е и Македонија од утре за гас ќе плаќаат во рубљи, најави Путин

Редакција

Независноста на Доњецк и Луганск е по примерот на косовскиот преседан, му кажал Путин на Гутереш

Редакција

(Видео) Катаклизмичен земјотрес во Калифорнија

Редакција