еМагазин
Image default
Македонија

Стефанова на судењето за „Рекет“: Осомничените во „Империја“ скоро секогаш дознавале што презема СЈО против нив

Осомничените во предметот „Империја”, скоро секогаш успевале да дознаат што Специјалното јавно обвинителство (СЈО) презема против нив. Надлежната обвинителка за овој предмет Лиле Стефанова, која сведочеше во предметот „Рекет”, рече дека истражителите и објасниле дека при претресите извршени кај осомничениот Јордан Камчев, тие подготвени ги пречекале.

– При претресот во 6 часот утрото Јордан Камчев ги пречекал облечен во тренерки. Таму било и лицето Зоран Милески – Кичеец. Слична ситуација истражителите кажале дека имало и во просториите на Орка Холдинг. Канцелариите биле средени и уредни. Таму ги пречекале Михајло и Филимена Маневска, рече Стефанова.

Таа додаде дека со обвинетата Катица Јанева, имало негодување при нејзиното барање да се прифатат поблаги мерки за Јордан Камчев, Сашо Мијалков и другите притворени лица во случајот „Империја”.

Судењето за “Рекет”, продолжуваа по неколку одложувања.

МИА/Фото: 1тв

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јанева за Стефанова: „Не чинев зошто и го возев мачето”

Јанева изнесена од судница поради недоличните коментари кон Стефанова, ја нарече „гомнарке“, и „ороспијо“

Стефанова на судењето за „Рекет“: Политичари и судијката Кацарска вршеа притисок за притворот на Камчев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Борис Трајковски, Киро Глигоров и Никола Кљусев најпопуларни политичари во изминатите три децении

Редакција

Собранието го донесе Законот за спречување и заштита од дискриминација

Редакција

Седма жртва од корона вирусот: Почина 79-годишен пациент од Дебар

Редакција