Гувернерката на Народната банка на ден 27.1.2020 година издаде согласност за именување на следните членови на Надзорниот одбор на Охридска банка АД Скопје од редот на акционерите: Георг Бухер, Валбурга Зајдл, Ханс Лудвиг Диксер и Славиша Којиќ, соопшти банката преку Македонската берза.
„Наведените членови беа именувани со одлука на Собранието на акционери на банката донесена на ден 29.11.2019 година, која стапува во сила по издавањето на согласноста од страна на Гувернерката на Народната банка. Мандатот на новоизбраните членови на Надзорен одбор на банката трае 4 години.
Со издавањето на согласноста, престанува мандатот на следните членови на Надзорниот одбор на банката именувани од редот на акционерите и тоа: Жан-Филип Гијом, Ален Жерард Конус и Марија Којчева-Русева“, информираат од банката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шпаркасе групацијата купи 91,57 ја купи Охридска банка за 48 милиони евра