еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Македонија ќе учествува со 213.736 евра во европски солидарни фондови, меѓу кои и за помош на Украина

На предлог на Министерството за транспорт и врски, на денешната седница Владата усвои Одлука за учество на Македонија во Европскиот АТМ специјален солидарен фонд и Доброволниот привремен солидарен фонд на Еуроконтрол (Европска организација за безбедност во воздушната пловидба) со износ од 213.736 евра.

Согласно Одлуката, Македонија учествува во Европскиот АТМ специјален солидарен фонд за поддршка на Украина и Молдавија со износ од 105.396 евра и Доброволниот привремен солидарен фонд за поддршка на Естонија, Латвија, Литванија и Полска со износ од 108.340 евра, за обезбедување на средства за трошоци за одржливо функционирање на давателите на услуги на навигација на Украина, Молдавија, Естонија, Латвија, Литванија и Полска за 2022 година, се вели во соопштението на Владата.

Како резултат на последиците кои ги донесе војната во Украина, се вели во соопштението, на последната седница од Привремениот совет при Еуроконтрол во јуни беа формирани овие солидарни фондови за поддршка со намена за одржување на трошоците за оперативниот кадар на контролите на летање на овие земји за 2022 година, односно обезбедување на континуитет на некомерцијалните јавни услуги за воздухопловна навигација.

– Можноста за учество во фондовите е преку надоместоците за прелети кои се наплатени од Еуроконтрол во име на Македонија или директен придонес (донација) од државите во фондовите, информираат од Владата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Европска награда за три македонски драми

Редакција

Проф. Трајковски: Броевите на хоспитализации и на смртни случаи ги достигнаа своите врвови

Редакција

Нови 305 случаи на Ковид-19 од 2.533 тестирања

Редакција