еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонски војници ќе учествуваат во борбената група на НАТО во Бугарија и во Романија

На денешната седница, на предлог на Министерството за одбрана, по презентирање информации за потребата од испраќање на припадници на Армијата на Република Македонија за учество во борбената група на НАТО во Република Бугарија и во Република Романија, Владата донесе одделни одлуки за испраќање на армиски единици во двете земји.

– Задача на борбената група на НАТО е, како дел од зголемените активности за будност на НАТО (NATO enhanced Vigilance Activities – NATO eVA), да ја засили одбраната за источните граници на НАТО во Република Бугарија и во Република Романија, информираат од Владата.

Оттаму велат дека реализацијата на активностите го зајакнува партнерството и соработката помеѓу Македонија и останатите сојузници во рамките на НАТО и истовремено влијае и на проширувањето на билатералната соработка на Македонија со Бугарија, со Романија, со САД, како и останатите сојузници и останатите нации, што ќе придонесуваат во борбената група со персонал и опрема.

Фото: АРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Следете ја во живо мисата на Папата Франциск на плоштадот „Македонија“

Редакција

Дескоска: Конечно, по четири години, ги имплементиравме препораките на Венецијанската комисија за Законот за судови

Редакција

Десеттина пациенти од „Сју Рајдер“ во Битола заразени со Ковид-19

Редакција