еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Измама: На скопјанка и зеле 10.000 евра лажејќи ја дека ќерка и прегазила девојче

На 29.01.2020 во 13.30 часот во СВР Скопје, П.Е.(43) од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 10.000 евра, информира МВР.

Според пријавеното, на 28.01.2020 во 16.30 часот на домашниот телефон ѝ се јавило женско лице, ѝ се претставило како нејзина ќерка, ја известилa дека направила сообраќајна незгода и ја прашала колку пари имаат дома.

Исто така, според пријавеното, веднаш потоа разговорот го продолжило машко лице, кое и кажало дека нејзината ќерка во сообраќајна несреќа прегазила девојче од Албанија, кое починало, поради што ќерка ѝ требала да оди во затвор од пет до 15 години.

После тоа, според пријавата, лицето дошло пред нејзиниот дом, по што П.Е. му дала 10.000 евра. Таа утврдила дека е измамена откако се слушнала со нејзината ќерка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителство ќе ги искористи снимките од безбедносните камери, за да открие кој го опожари клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола

Редакција

Денеска парламентарни избори во Грција – втори за еден месец

Редакција

Русите тврдат дека го зазеле Мариупол, Путин наредил блокада на фабриката Азовстал во која се “националистите и странските платеници“

Редакција