еМагазин
Image default
Бизнис

Извозот лани бил зголемен за четири отсто во однос на 2018 година

Лани извозот изнесувал 7.187.566.000 американски долари и бележи пораст од  четири проценти во однос на 2018 година, објави Државниот завод за статистика.

Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 9.470.289.000 долари, што е за 4,6 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит изнесува 2.282.723.000 долари.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта и фероникелот.

Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови) и керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба.

Лани според вкупниот обем на надворешно-трговската размена Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од вечерва на полноќ пониски цени на бензините и дизелот

Редакција

ЕДС го доби тендерот на МЕПСО за набавка на струја вреден 425.000 евра

Редакција

Железничкиот сообраќај на линијата Гевгелија – Велес се одвива комбинирано, со воз и автобус

Редакција