еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кои се новите судии во Врховниот суд

Судскиот совет денеска ги избра Мирјана Лазарова-Трајковска, Сафет Кадрии, Наке Георгиев и Лидија Мартинова за нови судии во Врховниот суд.

Лазарова-Трајковска е поранешна судијка во Европскиот суд за човековите права и во Уставниот суд.

Сафет Кадрии доаѓа од функцијата судија во Апелациониот суд Скопје, Наке Георгиев од претседател на Апелација Штип и Лидија Мартинова од судија во Скопска апелација.

Судскиот совет, на денешната седница избра и 13 судии во Основните судови, од кои 11 од Академијата за судии и јавни обвинители.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарскиот пратеник Костадинов повтори дека сите Македонци се Бугари, а Македонија бугарска

Редакција

Намален бројот на склучени бракови

Редакција

Летово ќе се прави скрининг по возрасни групи за да се процени имунитетот на повозрасните, децата, работниците…

Редакција