еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Видео) Малолетници се борат како гладијатори, возрасните ги гледаат, а институциите ништо не преземаат

Веб-страницата „Само прашај“ објави шокантни видеа на кои се гледа како малолетници се борат како гладијатори во ринг, среде бел ден во скопски Капиштец. Малолетниците се тепаат, а борбата ја гледаат други деца, но и повозрасни граѓани.

Борбата се наплаќала и тоа 20 денари за гледање, 300 денари за снимање.

Министерството за образование молчи, а полицијата ги известила училиштата за овие настани.

Видеата масовно беа споделувани на социјалните мрежи, а според коментарите од родителите на децата кои живеат во оваа населба во Општина Центар, ваквите глетки биле честа појава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бебе од Струга со тешки телесни повреди донесено во болницата „Свети Еразмо“

Редакција

Каде е Васко Ковачевски? За него нема ни потерница, ни мерки

Редакција

Со момчето по потекло од Македонија за планирање на терористички напад на концерт на Тејлор Свифт, уапсено и 17-годишно момче

Редакција