еМагазин
Image default
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Не е донесен Законот за Советот на јавни обвинители, не е гласано по Бадентер

ВМРО-ДПМНЕ го повика претседателот Стево Пендаровски да не го потпишува и Законот за Советот за јавни обвинители, бидејќи при неговото донесување не е испочитуван принципот на Бандентер, односно за него не гласале припадниците на помалите етнички заедници.

Илија Димовски на прес-конференција во Собранието по неговото распуштање истакна дека Законот требало да се донесе со апсолутно и Бадентерово мнозинство, но оти иако спикерот Талат Џафери најавил дека треба да се гласа по Бадентер, тоа не е реализирано.

– И самиот Џафери најави дека Законот се гласа со апсолутно мнозинство и со Бадентер, но тој не го стави Законот да се гласа со Бадентер со што овој закон не е донесен. Оттука упатуваме порака дека потпишувањето на закон за кој не е обезбедено мнозинство е спротивно на Уставот и законите.

Апелираме до Пендаровски да одбие да го потпише. Во спротивно се останато ќе значи кршење на Уставот и законите, рече Димовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пендаровски не ги послуша ВМРО-ДПМНЕ, го потпиша Указот за Законот за јавно обвинителство

Појасни дека оваа нерегуларност ја забележале уште во текот на седницата, но оти чекале Собранието да се распушти и тоа да и го соопштат на јавноста.

– Прегледајте ги снимките. Сега веќе Собранието е распуштено и не може да се врати. Овој закон не е донесен. И другиот не е донесен. Секако, едниот без другиот закон не може да се импелемнтираат, рече Димовски.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пратениците ги изгласаа и законите за одбрана и за Советот на јавни обвинители

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно до сега 5.467: Починаа петмина од Ковид-19

Редакција

Се жалеле на правото на етничко самоопределување: Претставници на бугарските клубови од Македонија, сослушани во бугарска собраниска комисија

Редакција

Уште пред да се отвори вандализиран македонскиот културен клуб “Никола Вапцаров“ во Благоевград

Редакција