еМагазин
Image default
Македонија

Радникот сведочеше во „Монструм“: Немав најава, ниту терав некого да признае вина за петкратното убиство

Љупчо Тодоровски-Радникот, поранашен прв човек на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) денеса сведочеше на судењето за случајот „Монструм“ за убиството на пет лица кај Смилковското езеро.

Тодоровски негираше дека тој или БЈБ знаеле дека ќе се случи масакрот кај езерото и како шпекулации ги отфрли информациите од т.н. „бомби“ дека извесен Зоран Трајковски-Филмот требало да му даде информации за овој случај. Тој рече дека го знаел Трајковски, но дека немал ниту средба, ниту контакт со него за овој случај.

Хаки Азири, кој требаше да биде заштитен сведок за случајот, но потоа се предомисли и стана обвинет, остана на тврдењето дека Радникот му дал да потпише подготвена изјава со која признава учество во убиството.

Тодоровски рече дека не бил во судот кога бил испрашуван Азири, ниту пак дека го малтретирал.

Азири потоа за медиумите изјави дека никогаш не изјавил дека Радникот го малтретирал, но дека останува на тврдењето дека тој е човекот кој му дал да потпише подготвена изјава.

На рочиштето за Монструм денеска сведочеше и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, а на следното рочиште како сведоци треба да се појават Али Ахмети и Бујар Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јанкулоска сведочеше за „Монструм“: Крвна одмазда, имотен спор, лична пресметка, беа информациите што стигнаа до мене

Фото:Youtube/MVR

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кавадарчанец осомничен за предизвикување на пожарот во кругот на „Охис“

Редакција

Едно од новоосомничените лица за „Рекет“ е функционер

Редакција

Состанокот на Комисијата за заразни болести презакажан за утре

Редакција