еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(Видео) Заев во „Еден на Еден“: Тринаесет години по ред славев Нова година со децата од „Бања Банско“

Зоран Заев ќе му биде гостин на Жаре во „Еден на Еден“, во емисијата што ќе се емитува во недела, од 18.30 на Канал 5.

Многу приватни и професионални приказни раскажа поранешниот премиер, а една од нив е дека тринаесет години по ред, новогодишната ноќ ја поминувал во Заводот за заштита „Бања Банско“, со децата со посебни потреби.

„Многу често како градоначалник, не сум имал прилика да славам Нова година. Знаат струмичани, 13 години по ред, Новата година ја чекав во Заводот за заштита „Бања Банско“, со децата со посебни потреби. За мене Новата година е како излегување во сабота вечер“, раскажа Заев за времето кога беше градоначалник на Струмица.

„Тука песни се пееја, од Тоше Проески, стари македонски песни“, му рече Заев на Жаре и додаде дека со децата му било многу убаво. Пред да ја гледаме емисијата во недела, погледнете ја приказната за Заев и за децата од „Бања Банско“.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителство го изготви барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски

Редакција

Само Државна лотарија може да биде гарант за одговорно и контролирано приредување игри на среќа

Редакција

ОМО „Илинден“ – Пирин до Османи: Глигор Цанев и Минчо Остас, стојат зад отворањето на македонски културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград

Редакција