Бошко Жупановиќ, сопственик на порталот liburnija.com поднел предлог за покренување кривична пријава против Јосипа Лисац поради начинот на кој ја отпеала хрватската химна при неодамнешната инагурација на новиот претседател Зоран Милановиќ.
Тој смета дека уметничката слобода не значи извртување на химната и поднел пријава за нарушување на угледот на Хрватска.
За ова денеска се огласи Лисац, која на својот Фејсбук профил објави соопштение на Кроација рекордс и на Хрватската музичка унија во кое се вели дека таа нема да го коментира овој случај и дека на секој добронамерен човек му е јасно дека не станува збор за навредување на химната, туку стил на интерпретација по кој е всушност позната Јосипа Лисац.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото/Видео:Youtube/HRT
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.