еМагазин
Image default
Македонија

Али Ахмети и Џелал Бајрами ќе сведочат во „Монструм“

По Зоран Заев и Гордана Јанкулоска, кои како поранешни високи функционери сведочеа во судскиот предмет „Монструм”, денеска на рочиштето за петкратното убиство кај Смилковското Езеро треба да сведочи и претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Освен Ахмети, како сведок треба да се појави и неговиот сопартиец, обвинителот Џелал Бајрами, кој во 2012 година, кога се случи немилиот настан кај Смилковско Езеро ја вршеше функцијата заменик-министер за внатрешни работи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јанкулоска сведочеше за „Монструм“: Крвна одмазда, имотен спор, лична пресметка, беа информациите што стигнаа до мене

За петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Судскиот процес го води судијата Огнен Ставрев, а застапници на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост.

По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО) и предметот беше вратен на повторно судење.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа осум лица од Ковид-19, вкупно до сега 2.622

Редакција

Кирил Петков се заблагодари на Македонија што го откри сторителот на подметнатиот пожар

Редакција

Кривичен издаде наредба: Зеќири да биде спроведен со полиција

Редакција