еМагазин
Image default
Македонија

(ВИДЕО) Голема посетеност на протестот за правда на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски побара истрага за Заев

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ синоќа организираше „Граѓанскиот протест против неправдата“, кој почна пред зградата на Јавното обвинителство и заврши пред Врховниот суд во Скопје.

Протестот, според организаторот, има за цел да покаже дека одговорност мора да има и оти за неправдите е виновен поранешниот премиер и претседател на СДСМ, Зоран Заев.

Пред присутните се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој истакна дека судската и обвинителската власт, како што рече, се брутално згазени.

– Зоран Заев е виновен затоа што во исто време е премиер, обвинител и судија, обвини Мицкоски. Заев, како што рече, е и трговец со виталните органи на нашата Македонија и правдоубиец.

Според него, главни советници и верни заштитници на криминалот на Заев се Вилма Русковска и Љубомир Јовески, уште неколку врховни судии и како, што рече, и неколку медиумски слуги кои не се новинари, а така се претставуваат.

На протестот, кој беше масовен, присутните граѓани извикуваа „Сакаме правда“, „Македонија“, пееја патриотски песни, вееја македонски знамиња, а главниот транспарент беше „Заев е виновен“.

Граѓански протест, 25.02.2020

Огромна благодарност до народот кој излезе масовно, излезе во огромен број и даде црвен картон на неправдите, громогласно НЕ на "трас-трас" политиките на Заев. Македонците ја сакаат слободата и ова е доказ дека за неправдите Заев е виновен. Има разлика и не сме исти. Ова за нив е борба за спас на мафијата, за нас е борба за спас на Македонија.Заев готов си!#ОбноватаДоаѓа

Posted by Hristijan Mickoski on Вторник, 25 февруари 2020

Мицкоски: Бараме идна и неодложна ревизија на работата на врховните судии

Бараме идна и неодложна ревизија на работата на врховните судии, без искучок и ревизија на нивните одлуки. Таму каде ќе бидат утврдени неправилности, потребни се оставки, одговорност пред законите. Бараме реформа на Советот за реформи во правосудството, што ќе подразбира времено суспендирање на секаква негова активност поради контаминираноста на неговата работа и бараме меѓународна експертска помош во реализирање на реформите, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на „Граѓанскиот протест против неправдата“.

Тој рече дека е за апсолутна правда, истакнувајќи дека одговорност за криминалот мора да има без разлика кој, кога и како го сторил.

– Ниту денес, ниту утре кога граѓаните ќе ни дадат мандат нема на памет да ми падне да се мешам во судската власт, ниту да попречам правда за кого било, потенцираше Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека парламентарните избори кои претстојат се, како што рече, нова шанса за македонскиот народ да си ја врати државата во свои раце и да покаже дека Македонија може и дека Македонија заслужува повеќе.

– Бараме покренување на истрага за злоупотреба на службената должност од страна на Зоран Заев, кој се меша во обвинителски и судски постапки и одлуки на Врховниот суд. Истрага од тим на обвинители кои нема да ги одбере Русковска, поточно Зоран Заев, туку обвинители во кои ќе има доверба експертската јавност како гаранција за непристрасност и независност, рече Мицкоски.

Тој потенцираше дека по следните парламентарни избори нема да биде ништо исто.

– Очекуваме реакција и тоа брза одлучна и резолутна реакција, а доколку ја нема, народот е тука и веќе добро знае што треба да направи и каков громогласен одговор следи на 12 април, заклучи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

МИА/еМагазин/Фото/видео: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Не знаев дека ќе се влегува во Собранието ниту планирав воена состојба, кажа Иванов во сведочењето за „организаторите на 27 април“

Редакција

Спречен шверц на 26 килограми марихуана која со рибарски чамец од Албанија требало да заврши во Македонија

Редакција

Продолжува судењето за „Рекет“: Ќе сведочи поранешната обвинителка на СЈО, Лиле Стефанова

Редакција