Во однос на наплатата на достасаните побарувања во изминатиот период се испраќаа опомени на корисници на тековни сметки за заостанат долг, известувања, опомени и раскинувања на договор на корисници на кредити и опомени и раскинување на договори на иматели на кредитни картички, соопшти Комерцијална банка во годишниот извештај за 2019 година објавен преку Македонската берза.
„До Дирекцијата за правни работи се доставуваа досиеја по тековни (трансакциски) сметки, досиеја по кредити и досиеја по картички, за поведување на постапка за присилна наплата.
Во извештајниот период наплатени се побарувања од физички лица за кои е поведена постапка за присилна наплата во вкупен износ од 114,3 милиони денари (1,8 милиони евра)“, се вели во извештајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Комерцијална банка лани им исплатила 2,3 милиони евра на 50 менаџери
Комерцијална банка ќе исплаќа дивиденда во бруто-износ од 550 денари за акција