еМагазин
Image default
Локално

Прилепчанец три пати ја силувал снаата

Одделението за внатрешни работи Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп, поднесе кривична пријава против Т.Б.(67) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување“, информира МВР.

Во периодот од 26.02. до 02.03.2020 во семејната куќа во прилепско село, пријавениот во три наврати извршил обљуба врз неговата снаа(невенчана сопруга на неговиот посинок).

На 04.03.2020 таа го пријавила случајот во ОВР Прилеп, по што бил лишен од слобода и задржан во Одделението за внатрешни работи Прилеп, а на 05.03.2020 судија на претходна постапка му определил мерка притвор во траење од 30 дена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За Задушница дополнителен број автобуси на линиите 59, 59А и 59Б

Редакција

Нема метеж на Граничниот премин „Табановце“

Редакција

Нападната сопственичка на салон за убавина на булевар „Видое Смилевски Бато“

Редакција