еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Димитров: Ве молам не патувајте се откажуваат летови, државите ги затвораат границите

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров вечерва упати апел до македонските граѓани да не патуваат никаде, бидејќи ситуацијата се менува од час во час и не се знае кога ќе може да се вратат дома.

Исто така апелираше до граѓаните кои имаат регулирано престој во други држави да не тргаат кон дома во овој кризен период.

„Државите носат одлуки затвораат граници, авиокомпаниите откажуваат летови, Ве молам немојте да патувате. Граничниот режим на трети држави, не зваиси од нас,“ рече Димитров.

Според него, приоритет е патниците кои се заглавени по гранични премини и кои немаат регулирано престој во ниту една држава да се вратат дома.

Такви патници има на унгарско-српската граница кои се 200 на број и во комуникација со Романија и Бугарија, се очекуваат да пристигнат на Деве Баир во раните утрински часови. Затечени на аеродромите има во Виена, Загреб, Њујорк, има и фамилии со мали деца.

„Ќе направиме се што можеме да организираме да се вратат дома. Но ние немаме контрола врз границите на трети држави,“ додаде Димитров.

Тој информираше дека во Европа се разгледува опцијата за затворање на границите во Шенген зоната за несуштински патувања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се затвораат сите гранични премини

Се затвора Меѓународниот аеродром Скопје, како превенција од ширење на корона вирусот

Границите никогаш нема да бидат затворени за лекови, енергенси и за животни намирници

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Премиерот Ковачевски ја минал ноќта во болница, причината веројатно е труење со храна

Редакција

Единаесет години од хеликоптерската несреќа кај Катлановско Блаце

Редакција

„Заев до Меркел: Ако не, па името да го вратиме„: Твитер реакции за датумот за преговори со ЕУ

Редакција