По вчерашните шпекулации дека едно медицинско лице вработено во гевгелиската Општа болница е позитивно на коронавирусот, врз лицето беше направен тест кој покажа негативен резултат и придонесе да стивне паниката меѓу вработените во болницата.
Ова денеска го потврди и гевгелискиот градоначалник Сашо Поцков откако претходно се консултираше со раководните лица на болницата и на подрачната единица за јавно здравје.
-За медицинското лице вработено во ЈЗУ Општа болница во Гевгелија, кое беше тестирано од коронавирусот, добивме потврдни информации дека тестот е негативен, истакна Поцков.
Поради случајот и преземените превентивни мерки, вчера некои болнички одделенија работеа со намалени човечки ресурси, но од денека ситуацијата е нормализирана.
Градоначалникот Поцков упати апел до граѓаните да не се шири паника, да бидат дисциплинирани и смирени и да ги почитуваат препораките на надлежните околу грижата за сопственото и колективното здравје.
МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Следува потопол период, колку тој ќе ја ублажи состојбата со коронавирусот?
Сега не е време за диети – со зеленчук, овошје, чаеви, супи, јогурт и пилешко против коронавирусот
Да не подлегнуваме на страв и паника – стресот го инхибира имунолошкиот систем