еМагазин
Image default
Бизнис

Бектеши: Храна има доволно, да се почитуваат одлуките за замрзнување цените

Министерот за економија Крешник Бектеши им порачува на граѓаните дека има доволно храна во земјава за неколку месеци, а на трговците да ги почитуваат одлуките на Владата за цените на производите. Најавува скоро замрзнување на цените на јужното овошје, за што е донесена предлог-одлука.

„Ги убедувам сите граѓани дека имаме доволно храна не само во моментот, туку и за наредните месеци што следуваат. Ние не можеме да предвидиме колку ќе трае вирусот, колку ќе траат забраните, но секако сме обезбедени со снабдување на прехранбени производи во нашата држава“, рече Бектеши.

Тој потсети дека Министерството за економија првично презеде мерки кои се однесуваат на замрзнување на цените на одредени производи, посебно на основните прехранбени производи и соодветно на своите надлежности забрани и извоз на брашно и пченица за други држави. Ги повика компаниите да не ја користат можноста за правење профит, бидејќи, како што кажа, сега не е време за тоа.

„Би сакал да ги повикам сите компании посебно големите и малите трговци, но истовремено и производителите на прехранбени производи да ги почитуваат одлуките од Владата за цените, бидејќи одлуките се конкретни, концизни и прецизни.

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) работи – ги прави соодветните контроли, но апелирам граѓаните да пријавуваат неправилностина бесплатниот телефонски број 191“, рече Бектеши и додаде дека ДПИ веднаш по пријавувањето ќе интервенира согласно капацитетите што ги има.

Посочи дека ДПИ дополнително ќе ги провери трговците откако ќе заврши вонредната состојба и ќе има соодветни казни за непочитување на одлуките на Владата согласно законите во нашата држава.

„Веќе е донесена предлог-одлука за замрзнување на цената на јужното овошје, а ДПИ прави соодветни контроли посебно за големите трговци кои ги увезуваат споменатите производи“, потенцира Бектеши.

МИА/Фото:Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Со коронавирусот во Европа може да се бориме две години

(Фото) Владата се уште држи седници без заштита на министрите против корона вирусот

Еден или повеќе негативни резултати по тестирање не исклучуваат можност дека сте заразени со коронавирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стопанска комора бара да се повлече новиот Законот за игри на среќа, ќе ги затвори компаниите и ќе поттикне сива економија

Редакција

Колкава плата имал лани Бобан Гоговски, генералниот директор на Тетекс

Редакција

„Пелистерка“ оствари добивка од 8,9 милиони денари за девет месеци

Редакција