Во врска со реализацијата на препораките на Комисијата за хартии од вредност и Владата за почитување на мерките за спречување ширење на COVID-19, „Македонијатурист“ АД Скопје ги повикува своите акционери да го остварат правото на гласање на Собранието на акционери на друштвото закажано за ден 15.04.2020 година по пат на писмена кореспонденција, со цел да се обезбеди успешно одржување на закажаното Собрание на акционери без физичко присуство на акционерите, соопшти компанијата преку Македонската берза.
„Подетални инструкции за ваквиот начин на гласање на Собранието на акционери се достапни на веб-страницата www.makedonijaturist.com.mk“, информираат од компанијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест за акционерите: „Македонијатурист“ ќе исплати бруто дивиденда од 227 денари по акција
Продаден блок акции од „Македонијатурист“ за 49.000 евра
Намалена добивката на „Македонијатурист“