еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Здравствените работници во Штип се разочарани и лути: Дел од лицата кои се во самоизолација, но и членови на нивните семејства се шетаат низ населените места

Здравствените работници во Штип се разочарани и лути, бидејќи дел од лицата кои се во самоизолација, но и членови на нивните семејства се шетаат низ населените места.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев на својот Фејсбук профил јавно го изрази своето разочарување, а воедно и апелираше.

– Ако сте имале конткат со некој заболен или сомнителен за корона инфекција не се рашетувајте секаде, со мотото „немам гајле“. Остани дома, прекини контакти, пријави се, тестирај се. Заштити се себе, најблиските, колегите и медицинските работници. Да не си играме, додека не стане доцна. После веќе ништо нема да биде исто, вели Ѓеорѓијев.

Во текот на вчерашниот ден регистриран е осмиот случај позитивен на Ковид 19 во Штип.

Епидемиолозите ги чекаат резултатите од брисевите кои се испратени во текот на вчерашниот ден.

Општина Штип покрај тоа што ги дезинфецира улиците, од синоќа почна и со дезинфекција на влезовите во сите станбени згради.

МИА/Фото: Општина Штип

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Британскиот премиер Борис Џонсон заразен од корона вирусот

Вкупно заболени 219 пациенти: Регистрирани 18 нови случаи на корона вирус, од кои 11 во Скопје

Шведска „контра“ сите европски земји: Нема карантин и затворање на училиштата поради корона вирусот

(Видео) Ќотек и склекови за Индијците кои не ги почитуваат забраните за корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 487 заболени од Ковид-19

Редакција

Жената од Кратово која го уби сопругот и свекорот пријавувала семејно насилство, ама ја пријавувале и неа

Редакција

Божиновски: Не можам во притвор, треба да се грижам за двете деца

Редакција