еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) Централ парк во Њујорк „станува“ болница за заразени од корона вирусот

Работите на поставувањето голема монтажна болница во Централ парк во Њујорк, каде веќе постојат околу 50.000 кревети, започнаа денеска.

Се очекува веќе утре болницата да биде подготвена да прими нови пациенти заболени со коронавирус, а кои во „Големото јаболко“ ги има 33.776.

На источната страна на паркот, која гледа кон болницата „Маунт Синај“, се наоѓаат 14 шатори, а ќе има и оддел за интензивна нега со респиратори.

За пациентите ќе се грижи тим од лекари и медицински сестри, кој им помагал на заразените лица од ебола во Западна Африка, но и на сириските бегалци во Ирак и на погодените од земјотресот во Еквадор, пишува „Њујорк пост“.

Координаторот на здравствените работници Елиот Тенпени изјави дека очекува болницата да почне со работа за 48 часа.

САД, кои имаат 320 милиони население, досега имаат 142.196 заразени со коронавирус, а починале 2.479 луѓе.

Најмногу позитивни на Ковид-19 во САД има во сојузната држава Њујорк и тој број денеска надмина 50.000 лица.

Во градот денеска ќе пристигне и воен брод-болница, каде има илјада кревети и неколку операциони сали. Освен тоа градските власти процениле дека наскоро ќе им бидат потребни и 140.000 кревети, заштитна опрема, респиратори и медицински персонал.

Градочалникот на Њујорк, Бил де Бласио најави дека 5 април ќе биде „Денот Д“ за градот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поради корона вирусот 800 евра месечна помош за 1,7 милиони вработени во Грција

Нухиу: Корона вирусот го напаѓа МВР, петмина вработени заразени

(Видео) Потстрижувањето стана „луксуз“ поради корона вирусот

Пласидо Доминго хоспитализиран поради компликации од корона вирусот

МИА/Фото/Видео:NBC/Youtube/Telegaph

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И рокот за замена на регистарските таблици продолжен до крајот на годината

Редакција

(Фото) Авионот од Атина свечено пречекан и на скопскиот аеродром: Топло добредојде за Aegean Airlines

Редакција

(Фото) Бугарскиот клуб “Цар Борис Трети“ во Охрид остана без табла

Редакција