еМагазин
Image default
Бизнис

„Алкалоид“ го одложува Собранието на акционери додека трае вонредната состојба

Во согласност со Уредбата со законска сила за примена на Законот за трговските друштва за време на вонредна состојба „Алкалоид“ АД Скопје известува дека закажаната Седница на годишното собрание на акционери за ден 6.4.2020 година (понеделник), со почеток во 8:00 часот, нема да се одржи, односно се одложува за време на траењето на вонредната состојба, соопшти компанијата преку Македонската берза.

„Алкалоид“ АД Скопје ги известува своите акционери дека заклучно со 26.3.2020 година, преку доставените обрасци за гласање преку полномошник, веќе е обезбеден потребниот кворум за работа на Собранието, односно повеќе од 50 % од акционерите го оствариле своето право на глас за предлог-одлуките утврдени во дневниот ред.

„За денот, времето и за местото на одржување на Седницата на Годишното собрание на акционери, по завршувањето на вонредната состојба, „Алкалоид“ АД Скопје дополнително ќе ги извести акционерите“, соопшти компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Алкалоид“ донира 200.000 евра и ги намалува цените на 158 производи од својот асортиман

Алкалоид работи со максимален капацитет и нема да ги зголеми цените на производите

Сите членови на Управниот одбор на „Алкалоид“ се стекнаа со акции од компанијата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Синот на Али Ахмети, Шкумбин, влегува во бизнисот со производство на струја

Редакција

Министерството кое го води Артан Груби вработува 166 службеници

Редакција

„Авицена“ го доби тендерот на Институтот за трансфузиона медицина за набавка на реагенси вреден 480.000 евра

Редакција