еМагазин
Image default
Техно

Нови методи на работа: Што сè можете да направите за својот бизнис без да го напуштите својот дом

Поради состојбата со корона вирусот сега е важно да се остане дома и повеќето активности да бидат завршени преку дигиталните канали. Според информациите од телекомуникациските оператори, интернет сообраќајот е дури двојно зголемен, но уверуваат дека мрежите се исклучително стабилни.

Компаниите како што е А1 Македонија за многу кратко време одлично се прилагодија, бидејќи подолго време и се дигитално ориентирани. Свесни за фактот дека бизнис заедницата бара можност лесно и брзо да го менаџира својот бизнис, каде и да се наоѓаат со помош на алатки кои им го олеснуваат работењето, од А1 уште еднаш потсетуваат на платформата Microsoft Office 365, продукт на Microsoft, алатка со која корисниците добиваат одлично решение за водење на бизнисот од дома.

Оваа платформа им овозможува на корисниците највисоко ниво на безбедност на податоците, реализација на тимските работни задачи како и пристап до корпоративните апликации, податоци и ресурси од кое било место и од кој било уред.

Вклучува Office апликации (програми) и други корисни алатки што најчесто се користат во канцелариско опкружување, а може да се инсталираат на до 5 PC-компјутери, 5 таблети и 5 смартфони.

Платформата Microsoft Office 365 деловните корисници може да ја добијат бесплатно во наредните три месеци со тарифниот модел А1 Business од портфолиото на А1 Македонија.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонски Телеком прославува 100.000 Magenta 1 семејства

Редакција

Фејсбук отстранил 212 лажни профили од Косово и Македонија минатиот месец

Редакција

Samsung го претставува Odyssey G7 гејминг монитор со најзакривениот екран досега и со најдобри перформанси во класата

Редакција