УНИ Банка ја објави понудата за промена на договорни услови на кредитни изложености на физички лица согласно новите прописи донесени за време на вонредната состојба поради кризата со корона вирусот.
Понудата се однесува на сите клиенти – физички лица, кои користат кредити со ануитетска отплата, кредитни картички и дозволени пречекорувања на трансакциска сметка, со кредитна изложеност во банката со класификација А, Б и В и кои на датум 29.02.2020 година немаат статус на нефункционална кредитна изложеност.
Услови на Понудата по типови на продукти
Договори за кредити со ануитетска отплата (потрошувачки, станбени, хипотекарни)
Грејс период: Банката Ви одобрува грејс период на месечните ануитети (главница и камата), од 6 месеци, при што првиот нареден ануитет ќе доспее по 10 октомври 2020 година, на датата на негово доспевање согласно актуелниот амортизационен план.
Пролонгирање на рокот на отплата: Банката Ви одобрува соодветно пролонгирање на крајниот рок на важност на договорот, со цел да се задржи висината на сегашниот ануитет.
Кредитни картички
Грејс период: Во периодот 01.04. – 30.09.2020 година 6 (шест) месеци, износот на месечниот минимум за плаќање ќе изнесува 0% од искористениот кредитен лимит на крајот од месецот, односно НЕМА да достасува месечен износ за плаќање.
Камата пресметана за време на грејс периодот: Во грејс периодот Банката ќе пресметува и наплатува камата и редовни месечни надоместоци согласно одредбите предвидени во Договорот за кредитна картичка.
Рок на користење на кредитната картичка: за кредитните картички кои достасуваат во периодот од 01.04 – 30.09.2020 година и имаат искористен дел од кредитниот лимит, рокот на користење, Банката автоматски Ви го продолжува за нови 12 месеци.
Дозволено пречекорување на трансакциска сметка (овердрафт)
Одобрен износ на дозволено пречекорување: Износот на дозволеното пречекорување нема да се намалува до 30.09.2020 година, без оглед дали на сметката има редовен месечен прилив.
Рок на користење на дозволеното пречекорување: за дозволените пречекорувања кои достасуваат во периодот од 01.04 – 30.09.2020 година и имаат искористен дел од кредитниот лимит, рокот на користење, Банката автоматски Ви го продолжува за нови 12 месеци.
Камата: Во периодот 01.04. – 30.09.2020 година, Банката ќе пресметува и наплатува камата согласно одредбите предвидени во Договорот со кој е регулирано дозволеното пречекорување. За износот на пресметана и наплатена камата, Банката ќе го зголеми износот на дозволеното пречекорување и сметката нема да има третман на недозволен минус.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НЛБ Банка ја објави понудата за промена на кредитните услови за граѓаните
Детален преглед: Банките решија да наплаќаат камати на „корона кризата“
Ангеловска: Каматите на кредитите не се простуваат никаде