еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонија се придружува кон рестриктивните мерки на ЕУ кон Турција

Република Северна Македонија како земја кандидат за членство има обврска да се придружува кон заедничките позиции во форма на декларации, изјави и рестриктивни мерки, кои ги усвојува ЕУ со консензус кога станува збор за заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата, соопшти Владата.

„Имајќи ја таа обврска предвид, Северна Македонија се придружи кон Одлуката на Советот на ЕУ од 11 ноември 2019 со која таа воведе рестриктивни мерки заради одредени неовластени активности на Турција за бушење/истражување на минерални суровини во Источниот Медитеран.

Во нашата земја сѐ уште не се донесени одлуки за применување на ваквите рестрикции кон конкретни лица или правни субјекти кои имале неовластени активности. Во следниот период ќе бидат спроведени претходни меѓуресорски консултации во врска со спроведување на мерките во домашниот правен поредок.

Оттаму додаваат дека придружувањето кон рестриктивните мерки на ЕУ нема да влијае на билатералните односи на Северна Македонија со Турција, земја со која негуваме исклучително позитивни пријателски односи во повеќе области од интерес на граѓаните на двете држави“, соопшти Владата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Завршни зборови на судењето за „27 април“

Редакција

Вкупно 9.227: Од Ковид-19 починало едно лице со коморбидет

Редакција

Истрага „Дизајн“ на СЈО: Јанакиески ја фаворизирал кинеската „Јутонг“ за набавката на двокатните автобуси

Редакција