еМагазин
Image default
Локално

Обид за убиство: Му зарил нож во стомак и ги нападнал полицајците при приведување

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава за кривични дела „убиство во обид“ по чл.123 вв чл. 19 од КЗ на РСМ и „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“ по чл. 383 од КЗ на РСМ против А. С. (35) од с. Горно Коњари-скопско, информира МВР.

На 03.04.2020 во 13,00 часот било пријавено дека во с.Горно Коњари-скопско по претходна расправија помеѓу А.С.(35) од с.Горно Коњари и О.А.(48) од с.Долно Коњари, А.С. со нож му нанел убодна рана на О.А. во пределот на стомакот.

О.А. бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. По пријавување на настанот од полициски службеници излезено било на местото на настанот и при приведување на А.С. од неговиот дом, тој со нож ги нападнал.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жител на гостиварско Корито застрелан во стомак од огнено оружје

Редакција

Детали од МВР: Приведено едно лице за „филмското“ пукање во „Мерцедес“ кај Бардовци

Редакција

Луцидно зголемување на плати во Домот за стари лица „Зафир Сајто“

Редакција