Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција соопшти дека на Инфективната клиника во скопје до утрово се примени 10 нови пацинети и сега вкупно се хоспитализирани 70, од кои осум се пациенти на механичка вентилација и 10 се со потешка клиничка слика.
Останатите се со среднотешка манифестација на болеста.
Од Клиниката денеска заминуваат четворица пациенти, а нивните два контролни теста на коронавирусот биле негативни.
Тој рече и дека од Дебар се стигнати резултати и на три лица, кај кои на два теста се негативни на вирусот и се оздравени, а биле на домашно лекување во коориднација со локалната болница.
Во ГОБ „8 Септември“ вчера се примени четири пациенти и за денес се чекаат резултатите, а двајца во оваа болница се на респираторни машини.
Во болницата во Битола е хоспитализиран еден пациент, но во тек е трансфер на сите пациенти кои претходно беа хоспитализирани во болницата во Охрид, по вчерашниот договор Битола да биде регионален центар, и сите кои се лекуваа во Охрид, а кои сега се пренесуваат во Битола, се од околината на Струга.
Во Штип се хоспитализирани четворица пациенти од кои тројца во сосема лесна клиничка слика и во стабилна здравствена состојба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
18 деца во Македонија до деветгодишна возраст се заболени од корона вирусот
Вкупно 22: Нови 3 лица починаа од коронавирусот
Вкупно 570: Нови 15 лица заболени со коронавирусот во Македонија