еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Марковска: Стојам на располагање за обуки на тимовите кои имаат одговорност за одржување на хигиената во компаниите

Консултантот за добра хигиенска пракса и добра производствена пракса, Александра Марковска, покрена иницијатива на социјалните мрежи  #BusinessSupportsBusiness, чија што идеја е, во ова време на криза со корона вирусот, бизнисите помеѓу себе да си помагаат и секој од секого да користи добри практики.

Како професионалец чие што работно искуство е тесно поврзано со одржување на хигиена преку имплементација на добра хигиенска пракса од 2003 година па се до денес, таа сака да им помогне на другите компании, во време кога им е најмногу потребно, во борбата со корона вирусот.

„Ситуацијата со корона вирусот е посебно тешка за компаниите кои и во овие тешки времиња мора да продолжат да работат. Со тоа се изложуваат на дополнителен ризик од заразување со корона вирусот. За да се избегне ризикот од зараза потребно е да се вложат дополнителни напори за одржување на високото ниво на хигиена.

Целокупното мое искуство го ставам на располагање на секоја компанија која има потреба од поддршка во одржување на хигиената на објектот и личната хигиена на вработените.

Стојам на располагање за давање јасни насоки за одржување на хигиена, изработка на упатства за одржување на хигиена адаптирани на условите во самата компанија и вршење на обуки на тимовите кои имаат одговорност за хигиената во компаниите.

Доколку се наметне потреба, може да се организираат и обука на сите вработени. Предзнакот на целата иницијатива е солидарност во овие тешки времиња,“ вели Марковска за „еМагазин.мк“.

Контакт телефон: 071 277 328

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детален преглед: Број на починати и заболени со коронавирусот во Македонија по градови

Двајца странски државјани досега починаа од коронавирусот во Македонија

(Фото) Синот на српскиот претседател Вучиќ заболен од коронавирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Анго Ангов, старо-новиот градоначалник на Дојран

Редакција

„Лукоил“ го доби тендерот на МОН за сукцесивна набавка на гориво вреден 95.000 евра

Редакција

Во карантин ќе одат македонските граѓани кои од 1.септември за влез во земјава ќе немаат ПЦР-тест, потврда за вакцина или прележан Ковид-19

Редакција