Вработените во јавниот сектор кои се работно ангажирани за времетраење на мерките за заштита од ширење и превенција од корона вирусот (COVID – 19), неискористениот дел од годишниот одмор од календарската 2019 година може да го искористат до 31 мај 2020 година, согласно потребите на работниот процес и врз основа на одобрение на раководното лице на институцијата, пишува во Уредбата што на вчерашната седница ја донесе Владата.
„На вработените во јавниот сектор кои се ослободени од извршување на работа и работни задачи, согласно мерките за заштита од ширење и превенција од корона вирусот, неискористениот дел од годишниот одмор од календарската 2019 година им се смета за искористен.
По исклучок, за вработените во Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство, Министерството за одбрана – Армијата, Министерството за здравство, јавните здравствени установи, царинските службеници, инспекциските служби, единиците за противпожарна територијална заштита, мали групни домови и домови за нега на стари лица, кои не се опфатени со мерките од ставовите 1 и 2 на овој член, неискористениот дел од годишниот одмор од календарската 2019 година и делот од годишниот одмор за 2020 година кој мора да се искористи во траење од две непрекинати работни недели, да го искористат до 31 декември 2020 година, согласно потребите на работниот процес и врз основа на одобрение на раководното лице во Министерството“, пишува во Уредбата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Администрацијата од утре на работа од 8 до 14 часот
Колку е чудно кога се бара да не се кратат платите во администрацијата
Детален преглед: Број на починати и заболени со коронавирусот во Македонија по градови