еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Мицкоски: Ќе ги слушам препораките на здравствените работници и ќе останам во изолација

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на својот Фејсбук профил потврди дека е во самоизилација, иако резултатите на тестот што бил направен се негативни.

„Почитувани сограѓани, поврзано со информациите кои произлегоа за мојата здравствена состојба сакам да информирам дека до овој момент сум во одлична здравствена и физичка кондиција.

Во текот на вчерашниот ден, по добивање на информацијата дека е нарушено здравјето на новинарот со кој имав интервју точно пред една недела и истото се поврзува со пандемијата, направив тест чии резултати се негативни.

Но, ќе ги почитувам препораките на здравствените лица и во наредниот период од неколку дена ќе останам во изолација. Се надевам на брзо закрепнување на новинарот и негово брзо враќање на работното место,“ пишува Мицкоски.

Продолжувам, додава тој, од мојот дом да ја следам актуелната состојба.

„Да им даваме поддршка на оние кои се во првата линија против пандемијата. Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на сите оние кои пројавија интерес за моето здравје.

И понатаму активно ќе се бориме против пандемијата која донесе тешка здравствена, санитарна и економска криза. Сигурен сум дека на крајот заеднички ќе победиме затоа што секој живот вреди и затоа што ја сакаме Македонија. Бидете живи и здрави,“ додава Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Канал 5“ со детали за заболениот новинар, кај кого на интервју гостуваа Мицкоски и Заев

Заев се огласи од самоизолација од Струмица

Лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во самоизолација: Мицковски негативен на корона вирусот, Заев чека резултати

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бајден до Заев: Очекувам интензивна соработка на прашања од интерес на двете земји и двата народа

Редакција

Во речиси 130 земји, меѓу кои е и Македонија не стигнала ни една вакцина против Ковид-19

Редакција

Два стана во Шпанија, по еден во Португалија и Србија: Министерката Божиновска меѓу најбогатите во Владата

Редакција