еМагазин
Image default
Локално

(Видео) Градоначалникот и дел од вработените на општина Центар работат од дома

Општина Центар објави промотивно видео „Центар работи од дома“, за активностите на вработените во општината од дома во услови на епидемија на корона вирусот.

„Седиме дома за побрзо да се вратиме на нормалниот живот“, пишува во објавата на Youtube каналот на општината.

Оттаму информираат дека организацијата на онлајн наставата во основните училишта, обработката на документите во Секторот за урбанизам, организацијата на социјалната политика и останатите активности, вработените ги извршуваат од дома, а со цел непречено функционирање на општината и услужување на сограѓаните.

„Општина Центар и градоначалникот Саша Богдановиќ упатуваат апел до сите наши сограѓани да бидеме солидарни, одговорни, да се грижиме за нашето здравје и да ги почитуваме препораките на Владата и на Министерството за здравство, дека само така ќе го вратиме животот во нормала и сите заедно ќе излеземе како победници од моменталната ситуација“, велат од општината.

Видео: Youtube/Општина Центар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ФОТО) Пена тече од фонтаните во центарот на Струмица

Редакција

Автобус удри во 11 годишно дете од Скопје

Редакција

Приведен охриѓанец кој бил „немирен“ на плажа во комплексот „Инекс“

Редакција