Министерот за здравство, Венко Филипче, запрашан кој е најголемиот страв поврзан со состојбата со корона вирусот, изјави дека тој страв не ни се случува.
„Не ни се случува стравот да имаме огромен број на заболени од корона вирусот, а кои нема да можеме да ги примиме во болниците. Капацитетот на Инфективната клиника е исполнет само една третина. Одличен е третманот и на пациенти во домашни услови,“ рече Филипче на денешната видео сесија во Владата.
Тој рече дека се успеало во целта кривата на заболени да се движи линеарно, без експоненцијален раст.
„Во светот нема два исти здравствени системи. Имаме добри резултати со линеарниот пораст, и нашиот здравствен систем одлично ги амортизира пациенитите на кои им треба болничко лекување. Нема експоненцијален раст и нагло затрупување на болниците,“ рече Филипче.
Според доктор Жарко Караџовски од Институт за јавно здравје, се очекува бројот на заболени да порасне, но од 1.000 кревети кои се на располагање, на Инфективна клиника лежат 75 пациенти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Животот во некаква нормала би се вратил на почетокот или средината на мај
За велигденските празници, најверојатно полициски час ќе има и во понеделник на 20 април
Стапката на смртност од корона вирусот кај нас е 4,1 проценти, а во светот 6,2 проценти
Фото: Влада