За време на полицискиот час 77 годишник бил приведен, а при тоа кај него е најден пиштол со рамка, соопшти денес СВР Тетово. Тој бил затекнат како се движи по улицата „176“ во Тетово, околу 13 часот и 40 минути.
„Р.А (77) е задржан во Полициската станица Тетово за документирање на случајот и ќе му бидат изготвени соодветни поднесоци. При негов преглед пронајден му е пиштол со рамка со 7 куршуми, калибар 7,65 милиметри, кој го поседувал без дозвола“, соопшти Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Тетовецот е еден од вкупно 13 лица кои ќе се соочат со казни поради тоа што за време на викендот не ја почитувале забраната за движење од петокот во 16 часот до понеделник во 5 часот.
Од 21 март кога е воведен полицискиот час вкупно 111 лица се евидентирани за непочитување на ограничетото движење.
Сите биле лишени од слобода и ќе добијат соодветни поднесоци по член 206 од Кривичниот законик за непостапуавње според прописи за време на епидемија.
МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полицискиот час не го почитувале 172 лица, приведени 134
Кавадарчанец нападнал полицајци кои го запреле за време на полицискиот час
За велигденските празници, најверојатно полициски час ќе има и во понеделник на 20 април
Македонец во Германија: Мерките за корона вирусот се спроведуваат и без полициски час