еМагазин
Image default
Свет

Јужна Кореја: 116 лица повторно се заразени со Ковид-19, откако претходно биле излекувани

Јужна Кореја денеска соопшти дека 116 луѓе се повторно заразени со новиот коронавирус, откако претходно биле излекувани.

Јужнокорејските здравствени власти ги испитуваат „реактивираните“ случаи, што се појавија во време кога Владата најави олеснување на ригорозните мерки воведени поради епидемијата.

Директорот на Корејскиот центар за контрола и превенција на болестите, Џон Ун-кон наведе дека најверојатно станува збор за реактивирање на вирусот, а не за повторно инфицирање на пациентите.

Додека според други експерти можно е тестовите да биле неисправни. Но, дел од експертите тврдат дека вирусот може да се најде во организмот на пациените, но да не претсатвува опасност за пациентот или другите луѓе.

Јужнокорејските здравствени власти пред една недела соопштија за 51 таков случај, а сега нивниот број се искачи на 116.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Општините Центар Жупа и Дебар излегоа од карантин

Мијте ја косата по излегување надвор, коронавирусот се пренесува и преку неа

Во Боговиње има 7, во Брвеница и Теарце по 5, а во Желино има 1 лице заболено со Ковид-19

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Спектакуларна ерупција со грмотевици на вулканот Кракатау

Редакција

Светот се соочува со најтоплиот јули од почетокот на мерењата

Редакција

(Видео) Снимка од дрон ја открива катастрофата по експлозијата во Бејрут

Редакција