еМагазин
Image default
Бизнис

Добивката на група „Европа“ намалена за 21,5 отсто

Група „Европа“ за 2019 година оствари добивка во износ од 83.508.438 денари, која е помала во однос на претходната година за 21,5%, соопшти компанијата преку Македонската берза.

Во 2019 година остварени се вкупни бруто приходи на износ од 787.683.501 денари и се намалени за 1,6% во однос на  бруто приходите од 2018 година.

„Вкупните оперативни приходи за 2019 година се намалени за 2,5% во однос на истите во 2018 година. Останатите приходи бележат зголемување од 20,6%, а кај финансиските приходи зголемувањето е 26,5% во однос на 2018 година.

Вкупните расходите се зголемени за 1,9% во однос минатата година. Оперативните расходи во 2019 година се зголемени за 2%, а финансиските расходи се зголемени за 8% во однос на 2018 година.“, информираат од компанијата.

Групата ја сочинуваат АД „Европа“ и заштитното друштво „Европак 2012“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Намалена добивката на „Европа“

Македонската берза урива рекорди во остварениот промет

Топ пет најпрофитабилни компании на берзата: Трите големи банки убедливо на врвот

Фото: Европа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) H&M годинава во Ист Гејт Мол ја отвара својата прва продавница во Македонија

Редакција

Туризмот се уште на удар на ковид-кризата: Бројот на туристи во февруари намален за 41,7 проценти

Редакција

МВР купува хируршки маски од прилепски „Гифти текс“ за 1,1 милион евра

Редакција