еМагазин
Image default
Бизнис

Македонската берза урива рекорди во остварениот промет

Вкупниот промет по сите основи на Македонската берза во првото тримесечје од 2020 година изнесуваше околу 68 милиони евра, што преставува зголемување од 133% наспроти истиот период 2019 година (29 милиони евра), односно зголемување од 97% во однос на последените три месеци од 2019 година (34 милиони евра), соопшти берзата во прегледот за тргувањето во првите три месеци од годинава.

„Прометот со акции во БЕСТ системот во овој квартал бележи вредност од околу 41,7 милиони евра и е за 231% поголем во однос на истата големина во однос на истиот период во 2019 година, односно 122% повеќе споредено со последните три месеци од 2019 година“, велат од берзата.

Анализата на десетгодишната временска серија на дневниот промет од тргување со акции во БЕСТ системот покажува дека во последните 10 години дури 5 дена со најголем промет од тргување со акции во класичното тргување биле токму во март 2020 година (12.03.2020 – околу 2,2 милиони евра, 06.03.2020 – околу 2 милиони евра, 20.03 – близу 2 милиони евра, 18.03 и 13.03.2020 година – околу 1,9 милиони евра и 1,8 милиони евра респективно)

Македонскиот берзански индекс – МБИ10 во првиот квартал од 2020 година бележи пад од околу 22%.

„Доколку се анализира по месеци, после одличната перформанса на индексот во јануари (+5,8%), негативните перцепции за последиците од состојбите поврзани со COVID-19 и движењата на меѓународните пазари во текот на февруари го поништија претходниот раст на МБИ10 (-5%), а само во месец март индексот забележа пад од 22,47%, што преставува втор најголем месечен пад на вредноста на МБИ10 од неговото воведување во јануари 2005 година (поголем месечен пад е регистриран само во октомври 2008 година)“, информираат од берзата.

Со оглед на ваквите ценовни движења вкупната пазарна капитализација на котираните акционерски друштва на крајот на март 2020 година изнесуваше околу 2,5 милијарди евра и во однос на крајот на 2019 година бележи пад од околу 16%.

„Интензивните ценовни осцилации при тргувањето со хартии од вредност и нагласените промени на вредноста на индексот МБИ10 во месец март, како последица на влијанието на настаните и информациите поврзани со вирусот COVID-19, придонесоа за промена на дневните ценовни ограничувања (од +-10% на +-5% во периодот од 17.03. до 26.03.2020 година).

За времетраење на оваа мерка што ја донесе берзата, односно во текот на 7 трговски дена, МБИ10 забележа 4 пати пад и 3 пати раст (во последните 4 трговски дена кога ограничувањата изнесуваа +-5% МБИ10 забележа 3 зголемувања на својата вредност).

Исто така, во функција на обезбедување уредно тргување со хартиите од вредност во вакви услови, од 16.03, по добиена согласност од Комисијата за хартии од вредност, на берзата беше воведено и ново правило за автоматско времено прекинување на тргувањето со сите хартии од вредност во рамките на еден трговски ден (кога индексот МБИ10 ќе се промени за повеќе од 70% од важечките статички лимити) и истото беше тригерирано 5 пати.

И во овие новонастанати околности берзанското тргување се одвиваше редовно и уредно, а берзата како лиценциран пазарен оператор континуирано им обезбедуваше соодветни услуги на своите членки, издавачите и инвеститорите, како и на сите други субјекти коишто се директно или индиректно заинтересирани за непречено функционирање на македонскиот пазар на хартии од вредност“, велат од берзата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пет компании од Македонската берза со најголема загуба

Топ пет најпрофитабилни компании на берзата: Трите големи банки убедливо на врвот

Компаниите од Македонската берза лани оствариле вкупна добивка од 222 милиони евра

Колку загубија од вредноста акциите на најсилните компании на Македонската берза?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мерките во ковид-кризата ги намалиле приходите во буџетот за 23 милиони евра, а ефектите се немерливи, велат од Државна ревизија

Редакција

УЈП распродава запленети автомобили и камиони за да наплати данок

Редакција

МНР вработува 16 службеници

Редакција